На големата сцена на Драмскиот театар денеска се одржа комеморација за актерот Мето Јовановски. Македонскиот театарски, филмски и телевизиски глумец почина на 16 ноември. На комеморацијата се обратија дел од неговите колеги, достоинствено присетувајќи се на неговиот живот и дело. На почетокот Јелена Жугиќ и Роберт потсетија на негови биографски податоци и дел од неговата театрографија и филмографија.
Актери, режисери, соработници, студенти, почитувачи на неговите лик и дело, дојдоа да оддадат почит на неговото семејство и на загубата на големиот човек.
„Се викавме Енчо, според една етида која ја правевеме на Факултетот за драмски уметности (ФДУ). Завршивме 1971 и 1.9 заедно дојдовме во Драмски театар. И од тој ден, до ден денеска, ние сме тие кои остануваме верни на Драмски. Мето беше актер кој имаше енергија, имаше атомска бомба во себе. Кога ќе излезеше, го правеше тоа со некоја чудна леснотија, а во суштина тоа е многу тешко. Мето ќе остане за мене секогаш Енчо. Живеевме во иста соба, јас, тој, Диме Станкоски-Дебелото, со Ѓорѓи Стојановски. Завршивме, јас, Мето и Диме дојдовме во Драмски, многу после тоа дојдоа во Драмски. Но, Мето беше нешто кое не се опишува со зборови , мора да го почувствуате. Не знам како да го кажам тоа. Јас сум горд што сум бил со него што сум играл со него и што сум учел од него“, се обрати Чоревски на публиката емотивно говорејќи за неговиот колега.
Јовановски за своите филмски и театарски улоги има добиено бројни награди: мегу кои наградата „Петре Прличко“, наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“, како и наградата за животно дело на осмиот Балкан панорама филм фестивал во Измир 2022 . тој е „ четирикратен лауреат на наградата „Милтон Манаки“.
Неговото име беше синоним за ѕвезда и на поранешните југословенски простори. Денеска со него се збогуваа и колеги и пријатели од регионот.
„Неизмерно се гордееме што претставите на Црногорскиот народен театар се наоѓаат на големиот список на еден од најзначајните актерски кариери во нашиот регион. Кариера која е еднакво ценета и од страна на публиката и од страна на критиката. Збогум голем и искрен пријател“, изјави Илија Суботиќ – Црногрски народен театар
Мето Јовановски почина на 77 години, само дваесетина дека откако на 26ти октомври ја изигра својата последна претстава „Му name is Goran Stefanovski“. Тој во својот животен век играше во над 60-тина филмски и телевизиски наслови, а работеше и како професор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности во Скопје.