Бела куќа: Руската Вагнер се подготвува да обезбеди воздушна одбрана за „Хезболах или Иран“

Белата куќа денеска соопшти дека руската платеничка група Вагнер се подготвува да ја зајакне воздушната одбрана на либанското движење Хезболах или режимот во Техеран, како дел од „невиден одбранбена соработка“ меѓу двата американски противника.

„Нашите информации… покажуваат дека Вагнер, по наредба на руската влада, се подготвувал да обезбеди капацитет за воздушна одбрана или на Хезболах или на Иран“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби.

МИА

Прочитајте и:  САД ја отфрлаат одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху и Галант
- Реклама -