Миовски: Во Италија одиме да се надигруваме

Напаѓачот на македонската фудбалска репрезентација, Бојан Миовски верува дека уште еднаш може да се оствари позитивен резултат со големиот фаворит Италија.

Македонската репрезентација на 17 ноември гостува во Рим во првиот од двата последни натпревара од квалификациите за Европското првенство.

– Секогаш е одлично кога се игра против врвни репрезентации, да видиме на кое ниво сме и мислам дека ова е вистинското време, немаме никаков притисок и имаме одлични резултати со Италија на последните натпревари. Одиме да се надигруваме, треба да ги чекаме нашите шанси во против нападите, нормално е тие да имаат поголем посед и контрола врз играта, но ќе се обидеме да ги изненадиме, изјави Миовски.

Во досегашните четири меѓусебни средби, Македонија и Италија имаат по една победа и два нерешени резултата.

МИА

- Реклама -