ИФАБ: Kомуникациите со ВАР собата нема да се пренесуваат во живо

Извршниот директор на Меѓународниот одбор на фудбалска асоцијација (ИФАБ), Лукас Буд, изјави дека нема да се пренесува во живо дијалогот меѓу судијата и ВАР.

„Ми беше дозволено да ја следам комуникацијата на судиите на натпревар за време на прегледот, тоа е прилично хаотична ситуација. Не на негативен начин, но има многу луѓе кои разговараат одеднаш и мислам дека не би било продуктивно некој да ги слуша сите тие гласови. Дадовме зелено светло за тестирање на најавите за одлуки за да го направиме донесувањето одлуки потранспарентно, но во моментов не сме подготвени да ја отвориме комуникацијата во живо за гледачите“, изјави Буд за „Би-би-си“.

Тој исто така истакна дека во фудбалот секоја судиска одлука се гледа под микроскоп, што може да создаде небезбедна средина за судиите и посочи дека судиите треба да се чувствуваат безбедно за да можат да се фокусираат на донесување правилни одлуки.

МИА

- Реклама -