Од среда само по еден воз дневно на релација Скопје-Битола и обратно

Од 25 октомври се укинуваат по два воза дневно на релацијата Скопје-Битола-Скопје, соопшти Железници на Република Северна Македонија – Транспорт АД Скопје.

Тоа значи дека патниците на оваа релација од среда ќе можат да ги користат само возот кој поаѓа од Скопје во 14:30 часот и тој од Битола во 03:13 часот.

Железници на Република Северна Македонија – Транспорт АД Скопје не соопштија кои се причините за ваквата одлука, единствено наведуваат дека измените ќе важат „сè до нивно отповикување“.

Извор: МИА

Прочитајте и:  Товарен воз излезе од шините, сообраќајот помеѓу „Кадина Река“ и „Зелениково“ во прекин
- Реклама -