И по деноноќна работа сè уште не се идентификувани четвртина од убиените израелски цивили, соопшти Израел

Од 1.033 тела на израелски цивили убиени во нападот на Хамас на 7 октомври, идентификувани се 765 или 74 отсто од нив, соопшти израелската полиција.

Полицијата соопшти дека 668 тела веќе се предадени на семејствата заради погреб.

„Илјадници полицајци работеа во смени, 24 часа на ден, седум дена во неделата и сè уште учествуваат во тешката работа за идентификација“, соопшти полицијата.

Тие укажуваат дека некои тела биле многу изгорени или уништени, што ја отежнува идентификацијата.

Израелските одбранбени сили (ИДФ), исто така, идентификуваа околу 300 војници кои беа убиени во судирите со Хамас на границата со Газа.

Според официјалните податоци, повеќе од 1.300 израелски цивили и војници загинале во нападот на Хамас.

Прочитајте и:  ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег

Премиерот Бенјамин Нетанјаху во средата изјави дека бројот на загинати во нападот на Хамас е најмалку 1.400, а можеби и поголем.

МИА

- Реклама -