Портпаролот на израелската армија контраадмирал Даниел Хагари, денеска изјави дека либанската проиранска екстремистичка група Хезболах ќе се соочи со смртоносен одговор доколку продолжи со прекугранични напади врз Израел.
„Хезболах, кој е контролиран од Иран и добива помош од официјален Техеран, изврши бројни напади вчера за да се обиде да ги пренасочи нашите оперативни напори (далеку од Појасот Газа), притоа загрозувајќи ја државата Либан и нејзините граѓани“, рече Хагари на прес-конференција.
Тој потврди дека израелската армија го зголемила присуството на северната граница и агресивно одговара на секоја непријателска активност.
МИА