Обвинителството на БиХ предложи на Додик да му се забрани вршење на должноста претседател на РС

Во обвинението против претседателот на Република Српска, Милорад Додик и вршителот на должноста директор на Службениот гласник на Република Српска, Милош Лукиќ, Обвинителството на Босна и Херцеговина предложи тие да добијат забрана за вршење на функцијата во период од десет години, пренeсе Бета.

„На осомничените треба да им се изрече забрана за вршење на функцијата, и тоа на осомничениот Милорад Додик, престанок на функцијата претседател на Република Српска, а на осомничениот Милош Лукиќ престанок на функцијата директор на Јавната установа, Службен весник на Република Српска за период од десет години“, се наведува во предлогот поднесен од Обвинителството на Босна и Херцеговина испратен до Судот на Босна и Херцеговина.

Во понеделникот, на 11 септември, Судот на Босна и Херцеговина го потврди обвинението против Милорад Додик и Милош Лукиќ, кои се товарат за кривично дело неизвршување на одлуките на високиот претставник во Босна и Херцеговина.

МИА

- Реклама -