Неколку лица се пренесени на болничко лекување и пружање на медициска помош по сообраќајната несреќа која се случи попладнево на магистралниот патен правец Кичево-Гостивар во близина на Зајас. Во тек е увид на местото и сообраќајот е во прекин.
Според информациите од СВР Охрид, во предел помеѓу селата Зајас и Грешница околу 15 часот дошло до сообраќајна несреќа во која учестувале три патнички возила и едно товарано (шлепер). Набрзо по пријавата, неколку лица се пренесени до медицински установи за пружање на помош.
Причините кои довеле до несреќата ќе се знаат по увидот кој е во тек.
Од АМСМ известија дека поради сообраќајна незгода на патниот правец Кичево-Гостивар од 15.35 часот сообраќајот е во прекин во двата правци.
МИА