Собраниската Комисија за уставни прашања со десет гласови „за“ и седуммина против го проследи на натамошно разгледување предлогот за уставни измени.
На денешната седница на Комисија предлогот го образложи премиерот Димитар Ковачевски, а зборуваа и своите ставови ги изнесоа претставнции на сите пратенички групи.
Против уставните измени се пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
Собраниската седница за утврдување на потребата од уставни измени е закажана на 18 август.
МИА