Со поддршка на Мастеркард, НЛБ банка АД Скопје и Стопанска банка АД Скопје се првите локални банки што воведуваат Google Pay, овозможувајќи им на имателите на картички да ги искористат предностите на едноставни и безбедни бесконтактни плаќања и складирање на дигитални картички на Android и WearOS уредите. Имателите на картички можат да ги складираат кредитните и дебитните картички на НЛБ банка и Стопанска банка на Google Wallet, дигитален паричник и да вршат плаќања секаде каде што бесконтактните плаќања се прифатени.
Покрај платежните картички, имателите на картички преку Google Wallet можат да зачувуваат и да пристапуваат до картички за лојалност и билети за патувања и настани. Користењето на Google Pay ги прави плаќањата посигурни, со повеќе слоеви на безбедност додадени на заштитата што Мастеркард картичката веќе ја обезбедува. Тоа вклучува индустриски стандардизирана токенизација, што значи дека кога се користи за плаќање картичката зачувана во Google Wallet, трансакциите се вршат со помош на бројот на виртуелната картичка (токен). Овој токен е специфичен за уредот и е поврзан со динамичен безбедносен код што се менува со секоја трансакција, обезбедувајќи дополнителен слој на заштита од измами. Воедно, ако телефонскиот уред се изгуби или е украден, може да се користи функцијата „Најди го мојот уред“ за веднаш да се заклучи уредот на далечина, да се заштити со нова лозинка или да се избришат личните податоци.
„Google Pay обезбедува брз, лесен и безбеден начин за корисниците во повеќе од 60 земји и територии да плаќаат користејќи го нивниот телефонски уред Android или уред со Wear OS“, вели Џени Ченг, потпретседател и генерален директор на Google Wallet. „Корисниците можат едноставно да ги додадат своите дебитни и кредитни картички во апликацијата Google Wallet и да бидат уверени дека нивните финансиски информации се безбедни и сигурни кога купуваат или реализираат патувања.“
„Горди сме што сме дигитален партнер на Google кој ја носи оваа безбедност и удобност на дигиталните плаќања за корисниците од Северна Македонија. Во Мастеркард се стремиме кон бизнис зделки само ако тоа носи додадена вредност на крајниот потрошувач“, додава Вања Манова, менаџерка за Мастеркард во Албанија, Бугарија, Северна Македонија и Косово.
Прашања и одговори
Какви видови на употреба ќе поддржува Google Wallet?
При лансирањето, луѓето ќе можат да зачувуваат и да пристапуваат до платежни картички, картички за лојалност и билети, а со текот на времето ќе додадеме поддршка и на дополнителни ставки.
Која е разликата помеѓу Google Wallet и Google Pay?
Google Pay е безбеден начин за плаќање и за безбедно купување во продавници, преку апликации и на интернет. Google Wallet е локацијата каде што ги складирате вашите кредитни или дебитни картички за да можете да ги користите со Google Pay, како и со картички за лојалност, билети и други ставки.
Како Google Wallet им користи на корисниците?
Google Wallet e лесен за пристап и сеопфатен во услугите што ги поддржува, а истовремено обезбедува беспрекорни искуства со Google апликациите и ги исполнува нашите високи безбедносни стандарди.
● Лесен за пристап – Брзо пристапете до сите ваши работи на телефонот. Корисниците очекуваат да можат да го дигитализираат нивниот физички паричник, од плаќања и картички за лојалност до билети. Google Wallet е редизајниран дигитален паричник за Android што обезбедува брз, безбеден пристап до секојдневните основни услуги.
● Сеопфатен – Google Wallet ги покрива потребите на корисниците. Корисниците ќе имаат погодност да ги остават своите физички паричници дома, а сепак ќе можат да пристапат до платежните картички од нивниот Android телефон.
● Безбеден и сигурен – Google Wallet е побезбеден од физичките картички. Вистинските броеви на картички никогаш не се споделуваат за да се заштитат корисниците. Google Wallet ги намалува можностите за измама, на начин што бара отпечаток од прст, идентификација преку лице, или пин за плаќање.
За Мастеркард (NYSE: MA)
Mastercard е глобална технолошка компанија во платежната индустрија. Нашата мисија е да ја поврземе и развиваме инклузивната, дигитална економија од којашто сите имаат корист секаде, правејќи ги трансакциите безбедни, едноставни, „паметни“ и достапни. Користејќи безбедни податоци и мрежи, партнерства и пасија, нашите иновации и решенија им помагаат на поединците да го реализираат својот најголем потенцијал. Нашата деловна култура се заснова на ткн. Decency Quotient што подразбира ориентираност кон извршување на вистинската работи во секое време и во секоја ситуација, и тоа нè води во сè што правиме внатре и надвор од нашата компанија. Со врски во повеќе од 210 земји и територии, градиме одржлив свет кој создава бесценети можности за сите.
Следете нè на Twitter @MastercardEU и @MastercardNews, прочитајте повеќе за нашето глобално влијание и претплатете се за најновите вести од Mastercard Newsroom.
Макстеркард