„На Аудиенцијата кај Папата Франциск, му ја честитав 10-годишнината од Понтификатот и му посакав долг живот, добро здравје и успешно извршување на светата должност“, напиша претседателот на Собранието – Талат Џафери, на неговиот фејсбук профил.
„Нашите две земји имаат нераскинливи историски врски преку важните личности од заедничкото минато – нашата Скопјанка и Албанка – Мајка Тереза, и Светите апостоли Кирил и Методиј“, објави Џафери на Фејсбук, споделувајќи неколку фотографии.