„Многупати досега имам кажано дека внесувањето на помалите етнички заедници во Уставот, вклучително и на Бугарите, нема да ја загрози безбедноста на државата, ниту ќе ја разниша нашата внатрешна стабилност. Токму затоа го поддржав процесот за уставни измени и делегирав свој претставник во работното тело“, повтори денеска претседателот на државата Стево Пендаровски во воведното обраќање на кнференцијата „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ во организација на ЦИВИЛ-Центар за слобода.
„Колку сме поразлични, толку е поширок хоризонтот на можности. И сето тоа зависи само од нас и од нашата подготвеност да ја прифатиме различноста како општо добро“, додаде Пендаровски.
Извор: МИА