Раководејќи се од својата долгорочна стратегија за одржлив развој, Пивара Скопје ја промовираше најновата иновација во ПЕТ-амбалажата на пијалаците од своето портфолио која ќе придонесе за заштита на животната средина.
Новите пластични шишиња на безалкохолните пијалаци од понудата на Пивара Скопје ќе бидат со капачиња кои се прицврстени на амбалажата, со што се овозможува тие да бидат рециклирани заедно со неа, по консумирањето на пијалакот. Првите шишиња Rosa со прицврстени капачиња веќе се пласирани на пазарот, а планирано е новата амбалажа да биде применeта кај сите брендови безалкохолни пијалаци на Пивара Скопје, најдоцна до крајот на оваа година.
„Оваа новина е показател за одговорниот однос што го имаат компаниите како Пивара Скопје кон животната средина. Истовремено тоа е и пример кој треба да го следат и останатите компании за тоа како треба да се размислува и делува со цел да се овозможи поефикасен систем за собирање и рециклирање на целокупниот отпад од пакување. Верувам дека ваквите решенија што се предвидени и со Директивата на ЕУ за пластиката за еднократна употреба и што веќе делумно се опфатени и во домашното законодавство, ќе се мултиплицираат, со што ќе придонесат кон остварување на нашите заложби како Влада да создадеме услови за развивање на одржливо управување со отпад преку селекција, собирање и рециклирање на отпадот, како и градење позитивни навики кај широката јавност. Само со силни партнерства и соработка ќе постигнеме јасни и долгорочни придобивки за животната средина“, истакна министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова.
Воведувањето на прицврстени капачиња е резултат на темелен процес на истражување и развој во групацијата Coca-Cola HBC, кој вклучувал и фаза на тестирање, за да се осигура дека новото решение ќе биде удобно искуство за потрошувачите, а истовремено ќе ги исполнува и највисoките технички и безбедносни стандарди. Како резултат на ваквиот процес, избрано е решение кое не влијае на начинот на отворање и затворање на шишињата, кој останува ист како и претходно.
„Новото решение можеби изгледа како едноставна работа, но за нас тоа претставува уште една значајна иновација која ни помага, заедно со потрошувачите и партнерите, да ги исполниме нашите амбициозни цели и заложби од платформата „Свет без отпад“ и иницијативата за Нула емисии на CO2 во атмосферата, кои се дел од нашата долгорочна стратегија за одржлив развој. Преку искуството и знаењата на двете групации на кои припаѓаме – Coca-Cola HBC и HEINEKEN, помагаме во унапредување на легислативата на државата и ги делиме истите вредности со консументите од земјите од ЕУ. Истовремено, горди сме што со ваквите иновации поставуваме стандарди и за останатите компании и помагаме да се испрати значајна порака во општеството дека секој од нас, но и сите заедно можеме повеќе да придонесеме за почиста и одржлива животна средина, а со тоа и за доброто на целата заедница“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Горан Сладиќ.
Воведувањето на новата пластична амбалажа со прицврстени капачиња го поздрави и Пакомак – првата и најголема специјализирана организација за управување со отпад од пакување во земјата, која е долгорочен партнер на Пивара Скопје во исполнување на целите за одржлив развој и заштита на животната средина.
„Оваа новина од Пивара Скопје која очекувам дека брзо ќе ја прифатат и останатите компании и која е дел од актуелните трендови од оваа област во ЕУ, се надоврзува на останатите активности кои заеднички ги спроведуваме, а имаат за цел да се зголеми ефикасноста на системот на собирање, селекција и рециклирање на отпадот од пакување во нашата земја. Анализите на пластичниот отпад во океаните покажуваат дека капачињата се еден од главните загадувачи, како ситен отпад за кој помалку се грижат граѓаните. Со оваа иновација, капачињата ќе останат составен дел од отпадот од шишиња и со сигурност ќе се рециклираат.
Новата амбалажа со прицврстени капачиња може да се одложува во постојните и во новите повратни вендинг машини за собирање пластични шишиња и лименки кои ги поставуваме на многу фрекфентни локации и со кои истовремено сакаме да ги мотивираме граѓаните да се вклучат активно во процесот на селекција и рециклирање на целокупниот отпад од пакување, а со тоа да придонесат во креирањето поквалитетен живот за сите“, рече Филип Ивановски, извршен директор на Пакомак.
Воведувањето на прицврстените капачиња на ПЕТ-амбалажата е само еден сегмент од активностите на Пивара Скопје со кои компанијата го дава својот придонес за постигнување на заложбите за одржлив развој. Како дел од овие заложби, во Пивара Скопје веќе се употребуваат амбалажи кои 100% може да се рециклираат, а компанијата активно учествува и го поддржува собирањето на отпадот од пакување кој се генерира на пазарот, како и во неговата правилна селекција и рециклирање.
За своите заложби, активности и достигнувања во одржливиот развој, Coca-Cola HBC групацијата, а во тие рамки и Пивара Скопје, минатата година, по шести пат последователно, беше прогласена за најодржлива компанија за пијалаци во светот, во рангирањето кое секоја година го спроведува водечкиот глобалeн индекс за одржливост – The Down Jones Sustanability Index.
* Комерцијален текст