Столтенберг: Сѐ уште не се знае кој ги нападнал гасоводите „Северен тек“

Сè уште не е јасно кој е одговорен за минатогодишниот напад на гасоводите „Северен тек“, бидејќи националните истраги не се завршени, изјави генералниот секретар на НАТО – Јенс Столтенберг.

„Она што го знаеме е дека имало напад на гасоводите ‘Северен тек’, но не можеме да утврдиме кој стои зад тоа“, рече Столтенберг пред денешниот состанок на министрите за одбрана на ЕУ во Стокхолм.

„Во моментов има истраги на национално ниво и мислам дека е правилно да се чека нивниот заклучок пред да кажеме што се случило и кој е сторителот“, додаде шефот на НАТО.

„Њујорк тајмс“ вчера објави дека новите разузнавачки информации кои биле анализирани од американски официјални лица укажуваат на можноста дека саботажата била извршена од „проукраинска група“.

Прочитајте и:  НАТО: Нема индиции за некаков намерен напад на територија на Алијансата

МИА

- Реклама -