Реплек АД Скопје: Позитивните резултати во 2022 постигнати како резултат на зајакнат извоз ќе продолжат и во следната година

Скопје, 03.03.2023 – Продолжува јакнењето на позициите на странските пазари и проширување на извозното портфолио на „Реплек АД“ Скопје. Минатата година „Реплек АД“ Скопје оствари раст на продажбата од 9%.

Приходите од продажба на странските пазари учествуваат со 68% во вкупните приходи на компанијата остварени минатата година. Зголемувањето во овој сегмент, покрај зајакнувањето на постојните позиции на странските пазари и проширување на портфолиото се должи и на освојувањето на нови пазари, реализирани во услови на енергетска криза и отежнато движење на стоки и услуги. Продажбата на странските пазари е исклучително важен сегмент за „Реплек АД“. Компанијата пласира дури 75% од своето производство во повеќе од 20 земји, а останатиот дел отпаѓа на домашниот пазар. Со свои производи компанијата е присутна на пазарите во Европската унија и Адриа регионот, како и на пазарите во Централна и Југоисточна Азија.

„Новата извозна стратегија на компанијата е базирана на амбициозен пробив на нови пазари и проширување на деловните активности на постојните. Промените што заедно со нашите вработени ги реализираме во нашата компанија се базирани на целосно преструктуирање, воведување на иновации и промена на одредени модели на работа. Првите резултати се мотив да продолжиме уште посилно и искрено се надеваме дека во блиска иднина ќе создадеме уште подобри резултати кои ќе бидат значајни за нас и за акционерите, но ќе дадат и дополнителна вредност за развој на македонската економија“, истакна Душан Пецовски, генерален директор на „Реплек АД“ Скопје.

Приходите од продажба на домашниот пазар во текот на 2022 година се зголемени за 3%, а консолидираната добивка пред оданочување изнесува 97,9 милиони денари. Вкупните приходи од сегментот фармација кои ги оствари компанијата во текот на минатата година се зголемени за 7%.

Добивката која ја оствари компанијата минатата година бележи пад во споредба со 2021 година, што во најголема мерка се должи на зголемените цени на енергенсите предизвикани од енергетската криза, а тоа влијаеше и на зголемување на расходите за 9% во однос на претходната година. Инвестициите во подобрување на конкурентноста на производите, преку модернизација и воведување на иновативни решенија, дополнително ќе придонесат за успешна реализација на деловните планови.

Компанијата во континуитет инвестира и во целосна модернизација и трансформација на работењето, поставувајќи нови напредни стандарди. Во таа насока, „Реплек АД“ инвестираше 43 милиони денари во фотоволтаична централа со инсталирана моќност од 948.29 kWp, заменувајќи над 40% од вкупната потрошувачка на електрична енергија со обновлива сончева енергија.  Компанијата доби и А – интегрирана еколошка дозвола, што е потврда за одговорното работење, континуираниот мониторинг и намалување на влијанието врз животната средина.

РЕПЛЕК АД

* Комерцијален текст

- Реклама -