Генералниот секретар на Алтернатива – Зеќирија Ибрахими, вели дека ставот за заедница на албанските општини во земјава е негов личен, а не став на органите на партијата.
„За поддршката на претседателот на партијата за ова прашање ќе треба да го прашате него лично. Ставот за Асоцијација на Албански Општини е мој личен, не на органите на партијата. Меѓутоа, јас сум генерален секретар на Алтернатива и не сум само поединец во партија“, рече Ибрахими во разговор за ТВ 21.
Тој веки дека немало состанок во партијата за ова прашање и дека тоа е само негов личен став, поттикнат, како што вели, од неговите политички и интелектуални yбедувања.
Извор: МИА