Шест месеци поевтина цена на струја со Black Friday понудата од ЕДС АД

Компаниите кои што најдоцна до вторник ќе ја искористат Black Friday понудата на ЕДС АД и ќе одлучат да склучат договор за снабдување со електрична енергија добиваат попуст во траење од шест месеци на цената на трошокот за потрошената струја.

ЕДС АД, компанија која што важи за лидер во областа на трговија со електрична енергија на македонскиот пазар, по повод Black Friday подготви ексклузивна понуда за своите клиенти, со која што компаниите кои што ќе склучат договор во траење од една година, најдоцна до 29 ноември, добиваат 2 отсто попуст на трошокот за потрошена електрична енергија со што би направиле сериозна заштеда на токму во најкритичните месеци од годината.

„Попустот би го опфатил периодот од јануари до јуни. Доколку цените останат на ова ниво тогаш 2% попуст на HUPX цената би значело намалување на цената од 5,7 евра за еден мегават час. Тој попуст за средни претпријатија кои трошат на пример 200 мегават часови месечно би значел заштеда во апсолутни вредности од 1.140 евра месечно, и така шест месеци по ред. Менаџерите на тие фирми овие средства ќе ги гледаат низ призмата на тоа колку бруто плати ќе бидат обезбедени со заштедата“, вели Илијас Тсоукалас, главен финансиски директор на ЕДС АД.

ЕДС АД е компанија која што веќе 10 години работи на македонскиот пазар како докажан стабилен и сигурен партнер, секогаш обезбедувајќи услуги по највисоки професионални стандарди. Во моментов е снабдувач на електрична енергија за повеќе од 500 правни субјекти, од кои поголем дел се приватни компании. Од 2018 година ЕДС АД е горд член на групацијата на грчката национална компанија PPC SA (Public Power Corporation), која како најголема енергетска компанија во југоисточна Европа донесе стратешка одлука да инвестира во Република Северна Македонија.

За повеќе информации за Black Friday понудата дознајте на www.eds.mk, пишете на struja@eds.mk или јавете се на телефонскиот број +389 2 55 14 100.

* Комерцијален текст

- Реклама -