Платата на претседателот Стево Пендаровски е 93.000 денари. Шефот на државата, потенцирајќи дека има 32 години стаж, овој податок го сподели во гостувањето во „24 анализа“ на ТВ24, зборувајќи во контекст на платите во М-НАВ и скандалот со аферата „Паразити“.
„Данскиот амбасадор се интересираше за писмото на М-НАВ до нив и која е позадината на тоа… народски кажано, ‘како баш овие ги одбравте’. И јас морав да прашувам и не ми се веруваше дека ова е можно. Апсолутно ми е јасно дека ако нема злоупотреби, тука нема дискусија“, рече Пендаровски.