Бислимоски: Целата јавност треба малку посериозно да се однесува кон мерките за штедење на електрична енергија

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во целост ги следи препораките од Владата за штедење на електрична енергија што од денеска стапија на сила, изјави денеска претседателот на оваа институција, Марко Бислимоски.

„Денеска дојдов по скали на работа, имам проблеми со тежината и планирам да ја намалам. Како што гледате, светлото е ограничено, немаме пуштено ладење, така што апсолутно сите мерки коишто се за штедење ќе ги преземеме и тие се мерки коишто не ги презема само Македонија, ги преземаат и соседните земји, земји од ЕУ. Сметам дека целата јавност треба малку посериозно да се однесува кон овие мерки за штедење, бидејќи во услови на цена на електрична енергија на берзите од 700-800 евра мислам дека ниедна компанија не може нормално да работи со оваа цена особено, компаниите коишто имаат производен процес. Сметам дека и државата во овој дел ќе мора некако да им помогне од аспект на обезбедување на поевтина електрична енергија, рече Бислимоски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.

Тој нагласи дека РКЕ има анализи и постојано ги следи трговците за струја и прави мониторинг на пазарот.

„За првите шест месеци продажната цена на снабдувачите во нашата држава е пониска од набавната цена поради тоа што поголемите снабдувачи имаат договори коишто се направени по далеку пониски цени и поради тоа ја имаме таа ситуација. Некаде во јули или август ги немаме добиено податоците, но тоа што го добиваме од компаниите маржата се движи од 5 до 20 проценти, па некаде и 25 проценти, но се уште немаме добиено конечни податоци“, рече Бислимоски во одговор на прашање.

Тој посочи дека РКЕ не може да ги ограничи маржите за продажба на електрична енергија.

„Треба да ги следиме препораките коишто ги прави ЕУ која ќе определи одреден гап – максимум до каде што може да одат маржите и верувам дека тоа брзо, брзо ќе се случи и во нашата држава“, рече Бислиомски.

За обвинувањата дека ЕСМ ги продава ноќните вишоци по цена пониска од 50 проценти од пазарната нагласи дека е добро што воопшто може д аја продаде денергијата која инаку ќе отидат во мрежата без пари.

„Ако не се продадат тие ноќни вишоци тие ќе отидат во мрежа без пари бидејќи поевтино е да отидат во мрежа отколку да го намалуваме производството на термоелектраните. И колку што знам тие вишоци се продаваат, беа од 2 наутро до 7 часот и тоа е еден пазарен продукт којшто не е баш интересен, бидејќи нашите фирми не работат од 2 наутро до 7 часот наутро и не може струјата да се складира. Затоа се продава негде каде што може да се продаде“, посочи Бислимоски.

МИА

- Реклама -