Трајанов: Не очекувам двотретинско мнозинство за уставните измени

Лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, вечерва изјави дека не очекува дека ќе се обезбеди поддршка од 80 пратеници за уставните измени, како и дека неговата поддршка за промена на Уставот е условена со признавање на правата на Македонците во Бугарија.

„Мислам дека тие најави дека дел од пратениците дека ќе се премислат од опозицијата се шпекулации и не очекувам дека во овој парламентарен состав ќе се случат тие промени, верјанто ќе се одржат предвремени избори“, рече Трајанов во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5 ТВ.

Според Трајанов, пак, регистрацијата на здруженија кои носат имиња на докажани фашисти е на штета на односите меѓу Македонија и Бугарија.

„Мислам дека одговорноста лежи кај државните институции кои дозволуваат регистрација на здруженија на граѓани со различни имиња кои апсолутно не се прифатливи за граѓаните, за јавноста, бидејќи се работи за поранешни соработници на Хитлер, на фашизмот, или, пак, во тоа време извршувале високи државни функции во Бугарија“, рече Трајанов.

- Реклама -