ЦУК: Од 11 февруари досега на бројот за итни ситуации примени вкупно 240.253 повици

На единствениот телефонски број за повици при итни ситуации, 112, од 11 февруари па сè до денеска се примени вкупно 240.253 повици. Тоа се во просек 1.404 повици дневно, објавија денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК) на нивната фејсбук страница.

Во февруари, кога се примаа повици само од територијата на Скопје, се примени 11.321 повици, а просекот за овој период е по околу 629 повици дневно.

Од март, во Секторот 112 при ЦУК, кога се започна со прием на повици од цела територија на државата, се примени 55.767 повици и просекот за март е 1.799 повици дневно.

„Во месец април се примени 42.100 повици или во просек 1.403 повици дневно. Во месец мај се примени 44.839 повици или во просек 1.446 повици дневно. Во месец јуни се примени 41.759 повици или во просек 1392 повици дневно. Во месец јули се примени 44.467 повици или во просек повици 1.434 дневно“, посочуваат од ЦУК.

Како што е наведено на нивната фејсбук страница, последните три денови од 29 до 31 јули се примени 4.635 повици или околу 1.540 повици дневно.

МИА

- Реклама -