Белград, Љубљана, Сараево, Скопје и Загреб – 1. јули 2022 година – Блумберг Адриа, првата пан-регионална, мултиплатформска мрежа за деловни вести во Југоисточна Европа официјално стартува денеска, 1. јули 2022 година. Содржината најпрво ќе биде достапна на дигиталната платформа, додека телевизијата ќе почне со со работа наредната недела. Новата информативна мрежа – фокусирана на деловни и финансиски вести ќе започне истовремено на пет пазари преку нејзините уреднички центри во Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија, Србија и Словенија.
Повеќе од 130 локални новинари, коментатори, аналитичари и финансиски професионалци ќе создаваат оригинална содржина на сите пет регионални јазици. Преку својата соработка со Bloomberg Media, Bloomberg Adria ќе го искористи известувањето на 2.700 новинари и аналитичари на Bloomberg во 120 земји. Ќе ги комбинира преведените содржини на Bloomberg News со оригиналните извештаи од целиот регион за да создаде врвна дестинација за вести за бизнис лидерите во Југоисточна Европа.
Bloomberg Adria ќе обезбеди стручен увид во причините, контекстот и последиците од факторите кои ја обликуваат глобалната и регионалната економија. Новата платформа ќе ѝ служи на растечката заедница на носители на одлуки и деловни лидери во регионот користејќи телевизија, печатени и дигитални медиуми, мобилни и социјални мрежи – преку непристрасно новинарство засновано на факти.
Блумберг Адриа ќе работи како сервис за нон-стоп вести, продуцирајќи телевизиска програма во живо по осум часа дневно од своите студија во Белград, Љубљана, Сараево, Скопје и Загреб. Преку договор за лиценцирана содржина со Bloomberg Media, новата информативна мрежа ќе има пристап до обемните финансиски и економски содржини, анализи и пазарни податоци на Bloomberg, дозволувајќи им на локалните тимови да развиваат преведени стории низ платформите на Bloomberg Adria.
Bloomberg Adria е производ на регионалната соработка помеѓу Bloomberg Media и Mtel Swiss – радиодифузер во мнозинска сопственост на Телеком Србија.
„Возбудени сме што Bloomberg Adria стартува овој месец за да донесе врвни деловни вести до публиката во Југоисточна Европа,“ рече Soo Kang, Глобален Директор на Bloomberg Media Distribution. „Преку овој нов локален потфат, Bloomberg Adria на растечката деловна заедница во регионот ќе ѝ обезбедува доверлива содржина заснована на податоци и анализи“.
Владимир Лучиќ, Главен извршен директор на Телеком Србија, изјави: „Телеком Србија е посветена на обезбедување премиум содржина, информации и новости за над 11 милиони претплатници. Блумберг е глобално познат по веродостојни деловни информации и експертски анализи, на кои деловните лидери им веруваат насекаде. Додека ја славиме нашата 25-годишнина, многу сме горди што соработуваме со Bloomberg Media и Bloomberg Adriа со цел на нашата ценета публика низ Југоисточна Европа да ѝ обезбедиме веродостојни деловни информации, увиди и новости од нашиот регион и од целиот свет“.
„Блумберг Адриа е пред сè услуга за деловната заедница. Тоа е, исто така, повеќе од деловен медиум – тоа е деловна мрежа и платформа за навремени и релевантни разговори на теми од регионалниот бизнис и финансиите. Нашата комуникација со деловната заедница во последниве месеци го поддржуваат нашето верување дека ваква платформа недостасуваше во Адриа регионот. Добивме силна поддршка за нашиот проект меѓу регионалните бизнис лидери, носителите на одлуки и од пошироката деловна заедница. Она што го нудиме е уникатно и има додадена вредност за заедниците кои ја обликуваат економијата во регионот“, рече Само Ошина, Главен оперативен директор на Bloomberg Adria.
За повеќе информации за Bloomberg Adria, неговата програма, регионалните редакции и други информации, посетете ја https://bloombergadria.com/. Следете го Bloomberg Adria на социјалните медиуми Facebook и LinkedIn.
###
За Bloomberg Adria
Bloomberg Adria е првата регионална мултимедијална платформа за деловни и финансиски вести во Југоисточна Европа. Со уредувачки центри во Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија, Србија и Словенија, Bloomberg Adria е посветен на највисоките уредувачки и деловни стандарди и е специјализиран за сеопфатно известување за глобалната економија и пазари преку телевизија, печатени и дигитална медиуми, мобилни и социјални медиуми и настани. Повеќе од 130 новинари, аналитичари и други професионалци секојдневно создаваат вести и анализи засновани на доверливи податоци за да им ја дадат моќта на носителите на одлуки и идните лидери во регионот на Југоисточна Европа и пошироко. Bloomberg Adria е производ на регионалната соработка помеѓу Bloomberg Media и Mtel Swiss. Посетете ја BloombergAdria.com за повеќе информации.
За Bloomberg Media
Bloomberg Media е водечки глобален бренд достапен на повеќе платформи кој на носителите на одлуки им обезбедува навремени вести, анализи и деликатни информации за бизнисот, финансиите, технологијата, климатските промени, политиката и многу повеќе. Овозможен од редакција од над 2.700 новинари и аналитичари, тој допира до влијателна публика низ целиот свет преку сите платформи, вклучувајќи дигитални, социјални, ТВ, радио, печатени медиуми и настани во живо. Bloomberg Media е оддел на Bloomberg LP. Посетете ја BloombergMedia.com за повеќе информации.
За Mtel Swiss
Мтел Свис е дел од групацијата Телеком Србија. Mtel Swiss соработува со светски медиумски компании и ја дистрибуира нивната содржина до големите радиодифузери, канали и платформи.
За Телеком Србија
Телеком Србија е лидер на телекомуникацискиот пазар во Србија и обезбедува уникатно и интегрирано корисничко искуство. Со разновидно портфолио на телекомуникациски услуги и директни операции во неколку земји во регионот, опслужува повеќе од 10 милиони корисници, додека глобално е присутен преку продажба на телевизиски услуги ширум светот. Компанијата изгради сопствен капацитет во областа на производство и дистрибуција на ексклузивни ТВ серии, филмови и врвни спортски содржини. Преку ексклузивно партнерство со Euronews, Телеком Србија неодамна го лансираше информативниот канал Euronews Србија. Телеком Србија е партнер и емитувач на Лигата на шампионите, Лига Европа, италијанската Серија А и шпанската Ла Лига, НБА и, од 2022 година, англиската Премиер лига.
* Комерцијален текст