Ахмети од Слупчане: Не може да има историја на оваа земја без ОНА, споменикот не нѐ дели туку нѐ обединува

Спомен кулата на борците на УЧК не нѐ дели, туку нѐ обединува, изјави лидерот на ДУИ – Али Ахмети, денеска во Слупчане, каде високи функционери на партијата, меѓу кои и министри во владата, присуствуваа на свеченото откривање на споменикот висок 20 метри, за кој Општина Липково плати околу 200.000 евра.

„Ослободителната народна армија (ОНА) е нераскинлив дел од историјата на оваа земја“, порача Ахмети, пренесе „360 степени“.

„Не може да има историја на оваа земја без ОНА, не може да има иднина оваа земја без најголемото достигнување – Охридскиот мировен договор, резултат на оваа армија. Иднината на оваа земја е Договорот од Преспа, договор кој нѐ направи членка на НАТО“, додаде лидерот на интегративците.

Прочитајте и:  Меџити: Прашањето со екстрадицијата на Рамадани треба да го решиме генерално, а не случај по случај

Видео од настанот можете да погледнете ТУКА.

- Реклама -