Груби: Платата ми е 70.000 денари, во живот не сум работел за помалку

Темата за намалување на платите на функциионерите е само површен начин за забавување на јавноста, вели првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците – Артан Груби.

Во емисијата „24 анализа“ на ТВ24, Груби посочи дека платите на министрите и пратениците одамна не се пораснати и „многу се помали“ од оние на директорите на претпријатијата и јавниот сектор. Притоа, Груби откри дека неговата плата е 70.000 денари и дека, како што вели самиот, никогаш не работел за помала плата од сега:

„Многу се помали од директорите на претпријатија и јавниот сектор. Мојата плата е 70.000 денари и во животот не сум работел за помала плата кога сум работел во приватниот сектор, и ова ми е најмала плата откако сум во политиката“, рече Груби, додавајќи дека сепак, „ако има потреба“, тие како Влада ќе ги намалат и платите на функционерите:

„Минималната плата ја покачивме на 18.000 денари, ги покачивме и пензиите. Покажуваме грижа за граѓаните. Оваа влада докажа дека е способна да се справи и да менаџира со кризата. Министер во Македонија зема најмала плата во целиот регион. Зошто треба намалување на платите на функциионерите? Ова е површен начин за забавување на јавноста. Ако има потреба, ќе ги скратиме платите“, рече вицепремиерот.

- Реклама -