Повторно дојава за бомба во авион на Ер Србија на релација Белград-Москва

Белград, 14 март 2022 (МИА) – Српското министерството за внатрешни работи за агенцијата ФоНет потврди дека имаат дојава да во авионот на Ер Србија на релацијата Белград-Москва имало експлозивна направа, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што беше кажано, се чека авионот да слета, по што треба да следи евакуација на патниците, а потоа и сите други процедури предвидени за вакви ситуации.

Пред три дена, во петокот, исто така имаше дојава дека во авионот на Ер Србија на летот за Москва има бомба.

„Припадниците на Специјалната антитерористичка единица на МВР безбедно ги евакуираа сите патници и членови на екипажот од авионот што летал на релација Белград-Москва, а кој поради дојава дека во леталото има инсталирано експлозивна направа се вратил и принудно слетал на белградскиот аеродром“, соопштија тогаш од МВР.

- Реклама -