Пендаровски: Сите ние кои живееме тука заслужуваме една година да немаме избори

Предвремени парламентарни избори не е прашање за претседателот на државата, но како граѓанин, Пендаровски смета дека потребна ни е година без избори, изјави денеска шефот на државата на прес-конференцијата по состанокот на Советот за безбедност.

„Ако ме прашувате како граѓанин… јас тоа го коментирав неодамна… веројатно сите ние кои живееме тука заслужуваме една година и да немаме избори. Знаете, од 2015 година имавме постојано некакви избори, вклучително и референдумот, кој е еден вид избор. Меѓутоа, тоа е апсолутно автономно право на политичките субјекти во Собранието. Постои само еден начин да предизвикате предвремени избори, односно 61 пратеник да притиснат копче и да го распуштат Собранието. Не би сакал да навлегувам во тој дел повеќе“, рече Пендаровски.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

Извор: МИА

- Реклама -