Мигранти од далечната Куба преку Македонија бараат подобар живот во ЕУ

Струмица, 10 јануари 2022 (МИА) – Лани во билтените на МВР за откривање на мигранти, кои транзитираа или влегуваа во нашата земја, значајна бројка имаше од далечната Куба. Откриени се 410 лица, а на почетокот од годинатв и пет нови кај Гевгелија.

Дека бројот на мигранти од оваа карибска земја е голем, покажуваат и податоците дека тие се откриени во периодот од јануари до октовмри лани, и до крајот на годината уште повеќе ќе се зголеми.

Според МВР, Кубанците во нашата земја влегуваат од Србија и по преминувањето на нашата територија сакаат да продолжат во Грција. Поголем дел од мигрантите од Куба се економски мигранти и тие имаат намера да заминат за земјите на ЕУ.

„Мигрантите од Куба не остануваат во нашата држава и најчесто нивна крајна дестинација е земја членка на ЕУ“, велат од полицијата.

Новата година во нашата држава ја пречекаа само шестмина мигранти од Куба, кои се сместени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија, додека во центрите во Скопје и Табановце нема сместено лица од оваа држава.

Последниот обид за пренесување на мигранти од Куба е регистриран на 6-ти, овој месец, кога на патниот правец меѓу селата Прдејци и Смоквица е приведен П.Г.(48) од Богданци, кој превезувал пет лица-мигранти од таа земја.

- Реклама -