Германски офталмолози: Поради пандемијата на Ковид-19 ќе се зголеми бројот на кратковиди деца

Берлин, 2 јануари 2022 (МИА) – Германските офталмолози очекуваат дека поради пандемијата на Ковид-19 ќе се зголеми бројот на кратковиди деца, бидејќи наместо да бидат на отворено, тие поминуваат повеќе време дома пред екраните на мобилните телефони и таблетите.

„Може да се очекува пандемијата да ја зголеми кратковидоста меѓу децата бидејќи тие премногу гледаат во екраните на мобилните телефони и таблетите на мало растојание“, изјави за ДПА портпаролот на Здружението на професионални офталмолози, Лаџер Волринг.

Тој истакна дека „сѐ уште нема податоци за тоа, но претходните истражувања сугерираат дека ќе се зголеми бројот на деца со миопија“.

„За да се спречи кратковидоста кај децата, дневната светлина е важен фактор“, нагласи Волринг.

Според него, дури и слабата дневна светлина е подобра од вештачката.

- Реклама -