Преторија, 23 декември 2021 (МИА) – Податоците од Јужноафриканската Република покажуваат дека сојот Омикрон е 70 до 80 отсто послаб од Делта варијантата на Ковид-19, изјави денеска шефот на Африканските центри за контрола на болести (ЦДЦ) – Џон Нкенгасонг, но додаде дека тоа не мора да значи дека е исто во сите земји.
„Треба внимателно да ги толкуваме податоците од Јужна Африка. Ова е само почеток на сојот Омикрон и станува збор за локални медицински резултати“, нагласи Нкенгасонг.
Тој додаде дека треба да се земе предвид и факт како што е возраста, бидејќи добар дел од јужноафриканската популација е помлада.