Груби: За нас е прифталив секој мандатар кој ќе го предложи СДСМ, се надеваме на соработка со Алтернатива и на локално ниво

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците – Артан Груби, денеска истакна дека ДУИ смета оти Зоран Заев треба да остане на позицијата премиер додека да се стабилизира парламентарното мнозинство, да заврши процесот на реконструкција на Владата и секако за да се решат клучните стратешки прашања. Сепак, додава тој, за ДУИ е прифатлив и друг мандатар, кој ќе го предложи СДСМ.

„Зошто не би бил прифатлив нов мандатар. Ја почитуваме одлуката на СДСМ, кого и да изберат тие за претседател, кого и да го предложат за мандатар секако“, изјави денеска Груби, одговарајќи на новинарско прашање.

Во врска со влегувањето на Алтернатива во Владата и прераспределбата на министерствата, а на прашањето зошто ДУИ отстапила толку важни позиции, Груби нагласи дека при услови на преговарања меѓу постоечките коалициски партнери и нови коалициски партнери коишто ќе дојдат, „сите отстапуваат места коишто ги имаат дотогаш“.

„Ние всушност во Владата отстапивме од МИОА, но го добивме ресорот земјоделие, којшто е многу голем и каде што имаме многу, многу значајни проекти, коишто ги имаме зацртано во нашата програма и за коишто ни е многу значајно да ги имплементираме“, посочи Груби.

Тој најави дека деновиве ќе се разговара за соработката со Алтернатива на локално ниво и изрази надеж дека таква соработка ќе има.

МИА

- Реклама -