Женева, 6 декември 2021 (МИА) – Техничката раководителка на Светска здравствена организација за Ковид-19, Марија Ван Керкова изјави дека според првичните информации лицата заразени со сојот Омикрон обично имаат поблага форма на болеста.
Но, Керкова додаде дека е прерано да се зборува за тоа.
Ван Керкова наведе дека е потребно време за заразените да поминат низ целиот процес на инфекција и оти можеби ќе поминат неколку недели пред навистина да стане јасно колку луѓе од заразените со сојот Омикрон ќе развијат тешка форма на болеста.
Сепак, таа предупреди дека дури и да се работи за полесна форма на болеста, важно е брзо да се делува за да се преземат мерки за контрола на нејзиното ширење.