Влез во Франција за сите надвор од ЕУ само со негативен ПЦР тест, без разлика на вакционалниот статус

Париз, 1 декември 2021 (МИА) – За влез во Франција ќе биде неопходен негативен ПЦР тест за сите лица кои доаѓаат надвор надвор од Европската унија, без разлика дали се вакцинирани или невакцинирани.

Тестот не смее да биде постар од 48 часа, соопшти владиниот портпарол Габриел Атал, по владините консултации во Париз. За невакцинирани патници од земји во ЕУ, потребниот ПЦР тест може да биде стар најмногу 24 часа.

Епидемиолошката ситуација во Франција брзо се влошува, рече Атал. За прв пат од април, седумдневната инциденца е над 300, што е број на регистрирани нови инфекции на 100.000 жители во рок од една недела.

Бројот на болнички приеми на пациенти со коронавирус се зголеми за 40 отсто во рок од една недела, со што се зголемува притисокот врз болниците.

Покрај веќе високата стапка на вакцинација од околу 76 отсто, Франција се потпира пред сè на брза кампања за засилувачка доза за сите на возраст од 18 и повеќе години.

- Реклама -