Берлин, 22 ноември 2021 (МИА) – За неколку месеци повеќето Германци ќе бидат „вакцинирани, излекувани или мртви“ од коронавирусот, предупреди денеска германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, апелирајќи до граѓаните повеќе да се вакцинираат.
„Веројатно до крајот на оваа зима, како што понекогаш цинично се вели, речиси сите во Германија ќе бидат вакцинирани, излечени или мртви“, рече Шпан, обвинувајќи го за тоа „многу заразниот делта сој“.
„Затоа толку итно ја препорачуваме вакцинацијата “, додаде тој.