Хајко Мас: Германија нема да воведува задолжителна вакцинација против Ковид-19

Берлин, 20 ноември 2021 (МИА) – Откако Австрија најави воведување задолжителна вакцинација во февруари, во соседна Германија истакнуваат дека такво нешто нема да воведат во државата.

„Такво нешто нема да има во Германија“, изјави германскиот министер за надворешни работи – Хајко Мас, за весникот „Билд“. Тој нагласи дека Германија смета дека тоа не е потребно, а тешко е да се спроведе уставно и законски.

Политичарката од ФДП задолжена за здравство – Кристине Ашенберг-Дугнус, истакнува дека заканата за задолжителна вакцинација не помага.

„Особено земјите со драматичен број на заразени со Ковид-19 треба да се концентрираат на проширување на понудата за вакцинација и спроведување нови мерки“, истакна таа.

Прочитајте и:  Во Германија уапсен тинејџер со турско потекло, планирал терористички напад на локалниот божиќен саем
- Реклама -