Костадинов: Градежната офанзива денеска продолжи на улицата „Браќа Минкови“

Градежната офанзива, соопшти на Фејсбук градоначалникот на Струмица – Костадин Костадинов, денеска, понеделнички, продолжи на улицата „Браќа Минкови“.

Како што информира Костадинов, се довршува поставувањето втор слој асфалт на потегот од улицата „Младинска“ до улицата „Ката Поцкова“.

„Градиме и истовремено ги планираме следните активности, застанување нема. Од срце за новиот лик на Струмица. ❤️ “, додава тој во објавата.

- Реклама -