Шилегов на „Сител“: Мирот и спокојот се вратени, во недела очекувам обединување со граѓаните

„Во Скопје го вративме мирот, заедништвото и спокојот и Скопје конечно стана град за сите“, кажа кандидатот за градоначалник од СДСМ, Петре Шилегов во гостувањето на Сител телевизија.

Тој додаде дека било вложувано во инфраструктура во сите делови од градот и сега е важно да се заштити централното јадро и да се создаде нова зона за развој во северниот дел.

„Скопје е жртва на ГУП од 2012 година, донесен од истите луѓе што сега стојат зад Арсовска и не смее новиот ГУП во 2022 година да го носат истите тие луѓе. Воедно, шиканирањето на луѓе, правењето списоци и заканите за затвор треба да останат зад нас. Во овие четири години немаме тепачки меѓу децата и во автобусите. Мирот и спокојот се вратени“, кажа Шилегов, дополнувајќи дека Скопје не е вмровски град, туку град на сите граѓани.

Според него, Скопје е град што не смее да престане да оди напред и, како што вели, тоа граѓаните и го препознаа во периодот меѓу двата круга.

„Во недела очекувам обединување со граѓаните“, заклучи Шилегов.

Во однос на Дрисла, Шилегов потенцира дека ја вратиле во Град Скопје, ја вративме, подвлече, на граѓаните.

„Да ве потсетам само, порано не се знаеше што се депонира, кој депонира, дали има опасен отпад, што се гори, сето тоа беше контроверзно што важеа во јавноста до пред две години. Кога Градот ја стави својата рака, односно ја направивме јавно претпријатие, успеавме да го ликвидираме долгот што го наследивме, успеавме да изградиме нов инселератор за медицински отпад, добивме грант за преработка на шутот, така што нема да се создаваат депонии од шут, бидејќи граѓаните бесплатно ќе го носат таму, а потоа ќе се преработува во градежен материјал. Работите што беа како аномалии, сериозно се санирани, а конечно градот е стратешки добро поставен“, вели Шилегов во гостувањето во Дневникот на Сител.

Прашан за кампањата што се води против независниот кандидат за градоначалник на Градот Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата – Данела Арсовска, Шилегов истакна дека ако воопшто постоеше пример за црна кампања, тоа е кампањата што ВМРО-ДПМНЕ ја води спрема него повеќе од пет-шест години, интензивирана во последните пет-шест месеци, вкчлучително и за него, за неговото семејство и за неговиот имот.

„За Арсовска јас лично немам никогаш изговорено ниту еден лош збор, напротив јас дури немам проблем доколку госпоѓата има бугарско државјанство, ако се чувствува Бугарка, го земала бугарското државјанство, тука не е никаков проблем. Клучниот проблем не е државјанството на Арсовска, туку зошто ја излажа македонската јавност и што сѐ сокрила“, рече меѓу другото Шилегов.

Денеска и тој преку видео обраќање ги повика граѓаните да го дадат гласот за кандидатите на СДСМ и коалицијата, а скопјани да гласаат за него.

МИА

- Реклама -