Лондон, 13 октомври 2021 (МИА) – Глобалниот индекс на доверба (ГИД) на Ипсос го прикажа нивото на доверба во многу видови професии од 2018 година наваму, обезбедувајќи споредби меѓу светот пред пандемијата и местото каде сме во моментов.
На 28 пазари низ целиот свет, просечно 64 отсто од анкетираните сметаат дека лекарите се сметаат за доверливи, а потоа следуваат научниците со 61 отсто и наставниците со 55 отсто. Истражувањето покажува дека само 10 отсто од анкетираните веруваат дека треба да им се верува на политичарите, 14 отсто го велат истото за владините министри и 15 отсто за менаџерите на рекламните агенции.
Иако позициите на многу професии само малку се изместија во последните неколку години, едно значајно влијание за време на пандемијата беше зголемувањето на угледот на лекарите со тоа што тие се кренаа над научниците, кои дотогаш, во претходните истражувања, беа водечка професија. Во просек, речиси две третини од анкетираните во 22 земји лекарите ги оценија како доверливи (64 отсто), што претставува зголемување од седум проценти во однос на 2019 година и девет проценти над нивните резултати во септември 2018 година. Спротивно на ова, процентот за научниците остана на околу шест од десет анкетирани со висока доверба во сите три години (61 отсто во 2021 година).
Обединетото Кралство е светски лидер во довербата кон лекарите, со 72 отсто што им веруваат, и овој процент малку се зголеми од 2018 година. (67 отсто). На истиот начин, во лекарите голема доверба имаат и Холанѓаните (71 отсто) и Канаѓаните (70 отсто).
Сепак, најголемите промени во довербата кај лекарите во последните неколку години се забележани на друго место: Во Унгарија и Чиле, процентот на лекарите на кои им се верува е зголемен за 19 процентни поени меѓу 2019 и 2021 година. Во истиот период, исто така, имаше голем раст во Саудиска Арабија (+17 поени), Полска (+12 поени), Бразил и Русија (со по +10 поени).
Постојат земји, меѓутоа, кои се уште се помалку наклонети да им веруваат на лекарите. Јужнокорејците имаат најмалку доверба – само 38 отсто, но тоа е зголемување за десет процентни поени од 2018 година. Јапонците се втори со најмала доверба кон лекарите до 52 отсто, но има зголемување од 13 процентни поени во споредба со студијата пред пандемијата, во 2019 година. Иако овие оценки се се уште ниски според светските стандарди, треба да се забележи дека ова се должи на фактот што многумина даваат просечна оценка, место да ги сметаат лекарите за недоверливи.
Мексико е единствената земја што регистрира пад на довербата во лекарите меѓу 2019 и 2021 година, со доверба од 71 на 66 отсто
Многу други професии остануваат на слично ниво со оние снимени пред пандемијата, вклучувајќи ги и политичарите што се на дното на листата за сите три години. Оваа година, само десет проценти во просек гледаат на политиката како на доверлива професија.
Професорите трета година по ред остануваат трета професија со најголема доверба, при што 55 отсто ги оценуваат како доверливи. Како и кај научниците, во многу земји резултатите од довербата во професорите малку се сменети за време на пандемијата, но меѓу 2019 и 2021 година се зголемила довербата од 16 процентни поени кај оние во Саудиска Арабија, како и девет поени во Унгарија и Јапонија. Во истиот период, перцепцијата за сигурност се подобри во Малезија (+ осум поени), Италија и Јужна Африка (+ шест поени), додека тие се намалија во САД (- шест поени) и Аргентина (- пет поени).