Кито, 30 септември 2021 (МИА) – Бројот на загинати во судирот помеѓу бандите во затворот во Еквадор надмина 116, додека повеќе од 80 затвореници се повредени, соопштија еквадорските власти.
Тоа е најголем масакр во една затворска институција во историјата на Еквадор.
Управата на затворот во Гајакил соопшти дека најмалку 116 затвореници загинале, од кои најмалку петмина биле обезглавени. Во затворот казна издржуваат најчесто лицата поврзани со нарко картелите.
Контролата врз затворот е вратена по петчасовните борби помеѓу бандите Лос Лобос и Лос Конерос, кои користеле огнено оружје, ножеви и експлозиви.