Македонскиот филм „Сестри“ го отвора ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола

Битола, 16 септември 2021 (МИА) – Вечер во Битола почнува 42. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

Црвениот тепих за филмофилите ќе биде поставен пред пациото на битолскиот Музеј, а на филмското платно ќе биде емитуван македонскиот филм „Сестри“ кој неодамна на престижниот филмски фестивал во Карлови Вари, освои специјална награда од тамошнто жири.

Во филмот на режисерката Дина Дума и кинематогаферот Наум Доксевски настапуваат Антонија Белазелкоска, Миа Жиро, Ханис Багашов, Мај-Линда Косумовиќ и Верица Недеска. Филмот „Сестри“ е копродукција меѓу Северна Македонија, Црна Гора и Косово.

Во рамки на фестивалот, организаторот ќе врачи „Златна Камера 300“ за животен опус на австрискиот кинематографер Кристијан Бергер и специјална награда „Камера 300“ на рускиот режисер Андреј Кончаловски.

Најновото фестивалско издание на ИФФК „Браќа Манаки“, во градот под Пелистер се одржува под мотото „И покрај се’“.

- Реклама -