Ја започна ли „Шанса за Центар“ порано кампањата спротивно на законот?

Утрово осамнаа билборди од независната листа на советници „Шанса за Центар“, иако според изборниот законик „не е дозволено да се истакнуваат плакати, билборди или рекламни паноа со логото на кампањата“, посочува „Локално“.

Тоа што името на „Шанса за Центар“ никаде не е истакнато а билбордите се поставени во Карпош на „граница“ со општина Центар, но притоа се гледаат боите и елементите на логото од оваа советничка листа, според порталот, е обид да се изигра законот.

Како што пишува „Локално“, изборниот законик предвидува казни за ваквите прекршувања доколку се утврди поврзаност на одредена кампања со листа или кандидат за градоначалник на изборите. Останува да се види дали институциите ќе реагираат, констатира порталот.

- Реклама -