„Нетпрес“: Струмичанец ќе биде наследник на Филипче

Нов министер за здравство, откако Венко Филипче си поднесе оставка поради морална одговорност за страотниот пожар во модуларната болница во Тетово која однесе 14 животи, ќе биде д-р Христијан Костов, актуелен директор на ГОБ „8 Септември“ во Скопје, објави „Нетпрес“, повикувајќи се на свои извори.

Според нив, токму Костов ќе биде предлогот на СДСМ.

 

- Реклама -