Во Општина Кичево не се обезбедени ниту третина од потребните теренски попишувачи

Кичево, 20 август 2021 (МИА) – Во Општина Кичево се соочуваат со недоволен број на кандидати за теренски попишувачи за претстојниот попис што треба да се одржи во септември. За неопходните 128 теренски попишувачи, на конкурсот се пријавиле вкупно 77 кандидати, а на тестирањето се јавиле 49 кандидати, од кои 13 се избрани за теренски инструктори и 36 за теренски попишувачи.

„Тоа е помалку од една третина од потребната бројка. И денес ќе почекаме да се пријави уште некој кандидат за барем половина да се пополни бројот на теренски попишувачи“, вели Јованче Сапунџиоски, републички инспектор.

Според негово видување, интересот за пријавување е намален од неколку причини и тоа: стравот на граѓаните од Ковид-19, потоа привременото заминување на помладите на привремена работа во странство и безбедната финансиска ситуација на поголемиот број на граѓани, на кои и не им се неопходни средствата кои би ги заработиле како теренски попишувачи.

- Реклама -