Новинарот Боби Христов бара да се повлече логото за 30 години независност бидејќи ја искривува историјата

„30 години независност“ може, ама „30 години Северна Македонија“ – не може!, реагира новинарот Боби Христов за логото за јубилејната годишнина од осамостојувањето на државата, кое денеска го презентираше Владата.

Иако Христов има замерка и за графичкиот пресек на знамето (Владата тврди дека не е претставено знамето), неговиот главен аргумент поради кој бара повлекување на логото е дека, како што вели, претставува „искривување на историјата“.

„Немам проблем со името, гласав на референдум. Но логото е искривување на историјата, лажна асоцијација“, објаснува Христов.

Истата замерка ја има и една од најреномираните историчарки на уметност – Соња Абаџиева. Покрај ликовниот аспект (кој не сака ниту да го коментира) и преполовеното „знаме“, во изјава за „САКАМДАКАЖАМ.мк“ таа логото го оценува како „голема дезинформација“ со „фатални грешки“.

„Знаат ли да сметаат, 30 години ли сме Северна?“, прашува таа (целата изјава ТУКА).

- Реклама -