Тапанот на Тоше Цебов и порано ни има донесено успеси: „Го пукаме постојано на секое големо натпреварување, пука од многу навивање“

И со дупнат тапан ќе биде гласен како и на претходниот меч со Австрија – ветил пред мечот со Украина штипјанецот Тоше Цебов, човекот кој стана најпознатиот навивач на Европското првенство во фудбал. Во разговор со „ММС“, тој открива дека камерите го уловиле во момент на еуфорија и немал време да реагира и да го сврти тапанот од здравата страна.

А приказната за тапанот почнува уште пред шест години. Приказната на Тоше и неговата навивачка дружина која постојано ја бодри Македонија на сите големи спортски натпреварувања, е уште постара, открива тој.

„Тапанот го пукаме постојано на секое големо натпреварување. Пука од многу навивање. За последната поправка платив 50 евра, но не ми е криво, најважно ми е што Македонија учествува на големите натпреварувања. Во последните шест години многу нѐ служеше и ни донесе голема радост. Со него бевме во Келн на Фајнлфорот каде што Вардар стана европски ракометен првак, со него бевме на сите настапи на ракометната репрезентација, во Виена, во Минхен“, раскажува тој за „ММС“. Целиот разговор прочитајте го ТУКА.

- Реклама -