Одиме со нов тапан на Холандија (ВИДЕО)

Македонскиот навивач кој со дупнатиот тапан ги плени срцата на фудбалска Европа – колку поради комичноста на ситуацијата, толку и поради ревноста со која ја бодри својата Македонија – сега си доби нов тапан. Што е и разбирливо, затоа што како што може да се види од социјалните мрежи, човекот не го оставил тапанот дури ни 5 часа по завршувањето на мечот.

Социјалните мрежи, сепак, со воодушевување пренесуваат дека македонската навивачка фаланга повторно ќе грми во Амстердам, а веќе го имаме и првото демо видео од новиот тапан.

- Реклама -