Папата ќе се моли Македонија да стане европски шампион во фудбал (ВИДЕО)

Претседателот на државата – Стево Пендаровски, денеска, на приемот во Ватикан, на Папата Франциск, меѓу другото, му го подари и најновиот дрес на македонската фудбалска репрезентација, со кој нашите фудбалери ќе настапат на претстојното Европско првенство. Испишано на кирилица, на дресот што го доби папата стои „Папа Франциск“, што Понтифот веднаш и сам знаеше да го прочита.

„Бидејќи знам дека сте голем фан на фудбал, а за 19 дена стартува Европското првенство и Аргентина нема да учествува и немате за кого да навивате (ако учествуваше Аргентина, сигурно ќе победевте), јас би Ве замолил, ако не Ви е тешко, со Вашите молитви да ни помогнете, бидејќи првпат учествуваме на Европско првенство, барем да станеме европски шампиони“, му рече Пендаровски на Папата презентирајќи го дресот, изнудувајќи насмевки кај присутните.

Папата, исто така расположен, порача дека „ќе се моли за нас со сето срце“.

- Реклама -