Милиони денари секоја година легнуваат на контото на Автомобилистичката федерација на Македонија директно од Агенцијата за млади и спорт. Никој не би замерил доколку овие средства одат за поддршка на спортот од страна на државата, но илјадници евра од овие пари на граѓаните завршуваат во приватни џебови, пишува порталот „Инфомакс“.
Сите проблеми, се вели во текстот, започнуваат кога за прв пат големи пари легнуваат од сметка на државата на сметка на Агенцијата за млади и спорт, буџет кој се дуплира по превземањето на Дарко Каевски на директорската позиција во Агенцијата. Со години од државата Автомобилистичката федерација добива мала и незначителна сума на пари која за прв пат во 2017-та година го поминала прагот од милион денари за веќе наредната година по поставувањето на Каевски сумата да се дуплира.
Како што се наведува текстот, рекордната сума Агенцијата за млади и спорт ѝ ја исплатила на Автомобилистичката федерација на Македонија кога Каевски беше кандидат за пратеник на предвремените парламентарни избори. Имено, тогаш на Автомобилистичката федерација на Македонија ѝ се исплатени 24 милиони денари, или околу 400.000 евра.
Претходната година 2019-та година, биле исплатени околу 8 милиони денари, а во првата година на Каевски како директор на Агенцијата за млади и спорт, биле исплатени 12 милиони денари или околу 200 илјади евра.
Според „Инфомакс“, со растот на буџетот на Федерацијата, се зголемуваат и превирањата и внатрешните борби за тоа кој да раководи со Автомобилистичката федерација на Македонија, односно со ваквиот солиден буџет.
Во 2018 година, истата година кога Каевски седнува во директорската фотелја, за претседател на АФМ е поставен Виктор Давидовски – сопственик на ПСС Рејсинг. Избран е со спорна поддршка, но со амин на Каевски, тврди порталот. Истата таа година, Давидовски, според „Инфомакс“, за свои лични потреби за возење на ТЦР шампионатот на Европа си префрла 100 илјади евра пари од буџетот на Федерацијата, пари добиени од Агенција за млади и спорт. Според „Иинфнфомакс“, тоа е само почетокот. Целиот текст прочитајте го ТУКА.