Сонот се роди пред 30 години. Дел од него се сите што играле, но и тие што никогаш не заиграле. Сите што не пропуштаат натпревар, но и тие што гледаат само кога игра Македонија, што ја следат во победи и во порази. Секој што стапнал на Градски, на стадионче и позади зграда. Во овој сон се сите промашени шанси и сите ние што веруваме во чуда. Сите заедно да навиваме за Македонија!