Ковачевски: Антикризните мерки дадоа исклучително позитивен резултат, ги насочивме кон граѓаните и фирмите

Сите мерки антикризни мерки се донесени низ процес на инклузивнен дијалог и директно учество на стопанските комори, низ еден економски и социјален дијалог, истакна заменик-министерот за финансии – Димитар Ковачевски, во интервју за „ТВ Стар“.

Тој истакна дека од појавувањето на пандемијата, односно во текот на 2020-та, Владата донесе четири пакети мерки насочени кон справување со негативните последици врз економијата.

„Донесени се околу 70 различни мерки со кои се опфатени субјекти и физички лица погодени од пандемијата. Сите пакети во својот фокус ги имаа граѓаните и нивните работни места, социјалната сигурност, солидарноста и спроведување на излезна стратегија после кризата. Вредноста на овие пакети изнесува околу 1 милијарда и 20 милиони евра и овие финансиски сретства беа дирекно насочени кон граѓаните и стопанството“, изјави заменик-министерот.

- Реклама -